Kasım İleri
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американската морнарица утре кон Средоземното море ќе испрати носач на авиони „USS Harry Truman"со уште седум придружни воени бродови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Морнарицата на Соединетите Американски Држви (САД) наведено е дека носачот на авиони „USS Harry Truman" заедно со останатите бродови утре ќе тргне од пристаништето Нортфолк, и ќе делува во рамките на петтата и шестата американска флота.
Нагласено е исто така дека носачот на авиони ќе го следи ракетна крстарица „USS Normandy", и воените бродови „USS Arleigh Burke", „USS Bulkeley", „USS Forrest Sherman" и „USS Farragut". Потоа, на нив ќе им се придружат и „USS Jason Dunham” и „USS The Sullivans".
Бродовите кои на пат ќе тргнат во придружба на борбените авиони при Првата команда на воздушните сили, вкучувајќи 6.500 припадници, во еден дел ќе ги следи и германската фрегата „FGS Hessen".
Американската администрација претходно најави свој одговор на последниот напад на режимот на Асад со хемиско вооружувње на окупираната Дума, а испраќањето на носачот на авионот „USS Harry Truman” е прокоментирано како можност САД наскоро да интервенираат во Сирија.
Од морнарицата на САД е наведено дека се работи за планирано праќање на носачи на авиони.
Носачот на авиони „USS Harry Truman” со придружни воени бродови последен пет во Средоземјето престојуваше во 2016 година во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ.