Erbil Başay
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува дека на Самитот на лидерите на ЕУ, кој во Брисел ќе биде одржан на 28 и 29 јуни, ќе биде постигнато решение за целиот пакет на азиланти за сите седум директиви, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во Берлин се состана со шпанскиот премиер Педро Санчез, со кого го сподели мислењето за темите за кои ќе се разговара на Самитот, а меѓу кои е и јакнењето на економската и монетарната политика во ЕУ.
Германската канцеларка додаде дека со Франција понудиле предлози, а смета и дека Еврозоната треба да биде поотпорна на кризите.
Таа се осврна и на прашањето за азилантите и изјави дека не очекува дека ќе биде постигнат договор за сите седум директиви за кои ќе се разговара на Самитот.
Истакна дека треба да продолжи да работи на директивите за процесот за азил и за уредбата „Даблин IV“.
„Ни треба време за да пронајдеме решение за овие прашања“, појасни Меркел.
Меркел додаде дека го поддржува постигнувањето на билатералните договори со земјите од кои доаѓаат бегалците. На тој начин шефовите на владите ќе можат да ја споделат одговорноста, а шефот на Владата на членката на ЕУ, во име на сите членки ќе може да преговара со една или со две земји.
Санчез порача дека на Самитот на лидерите на ЕУ ќе пружи поддршка на германската колешка.
Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи на оваа земја, Хорст Шихофер, имаат различно мислење кога станува збор за решавање на проблемите на мигрантите и азилот.
Шихофер смета дека од границите треба да ги врати бегалците кои претходно се регистрирани во земјите членки на ЕУ, на кои претходно им е одбиено барањето за азил во Германија, или немаат документи, додека Меркел проблемот сака да го реши со земјите членки.
Шихофер ѝ даде на Меркел рок до крајот на месецот да го реши ова прашање кое предизвика поделби во германската Влада.
Меркел во последно време се состануваше со многу шефови на ЕУ, а претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на барање на германската канцеларка на 24 јуни организираше „мини-самит“ на кој учествуваа претставниците на неколку европски земји.
Политичките аналитирачи сметаат дека оваа криза меѓу Христијанско-демократската унија (CDU) и Христијанската социјална унија (CSU) се одрази и на иднината на коалицијата.