Erbil Başay
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
БЕРЛИН
Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека глобалните предизвици, како што е епидемијата, можат да се надминат само со глобални напори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германската канцеларка, Ангела Меркел, упати видеопорака, што е објавена на Самитот на земјите на Г20, со кој моментално претседава Саудиска Арабија.
„Секоја земја во контекст на епидемијата се обидува да даде сопствени одговори и да придонесе кон одговорите на глобалната сцена. Несомнено е дека глобалните предизвици, како епидемијата, можат да се надминат само со глобални напори“, порача Меркел.
Истакнувајќи дека се започнати глобални програми за вакцината „АЦТ Акцелератор“ и КОВАКС против Ковид-19, Меркел порача дека оваа глобална програма служи за развој и дистрибуција на лекови и вакцини.
„Целта е да се поделат две милијарди дози вакцини до крајот на 2021. За оваа иницијатива собрани се околу пет милијарди долари“, рече Меркел.
Нагласи дека секоја земја би требало да има пристап до вакцината, којашто би требало да има пристапна цена за да се стави под контрола епидемијата.
„Ветените средства за тоа не се доволни. Затоа ве молам да ја поддржите оваа важна иницијатива. Оваа краткорочна помош е во наш најдобар интерес“, наведе Меркел.
Таа порача дека Светската здравствена организација (СЗО) мора да биде зајакната и заклучи:
„Потребни ни се сигурни финансии, подобра соработка, поголема независност. Г20 тука може да пружи важна поддршка. Ако стоиме заедно низ светот, можеме да го контролираме и совладаме вирусот. Затоа ни е потребно повеќе труд.“