свет

Калин: „Турција го гледа членството во Европската Унија како стратешка предност"

Портпаролот на турското Претседателство нагласи дека ЕУ треба да ги исполни своите одговорности во регионалните прашања, и дека дијалогот и соработката во решавањето на регионалните проблеми ќе биде во корист на секоја страна.

Enes Kaplan  | 22.11.2020 - Обновена : 22.11.2020
Калин: „Турција го гледа членството во Европската Унија како стратешка предност"

АНКАРА

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека Турција го гледа членството во Европската Унија (ЕУ) како стратешка предност и дека лидерите на ЕУ треба да ги гледаат овие односи со стратешки ум, јавува Агенција Анадолија (АА).

Калин вчера оствари оствари посета на белгискиот главен град Брисел пред Самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 10-11 декември оваа година.

Во рамки на посетата, Калин имаше одделни средби со Мариам ван ден Хеувел, главна советничка за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел; со Бјорн Зајберт, шеф на кабинетот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен; и со Хелга Шмид, генерална секретарка на Службата за надворешни односи на ЕУ.

За време на средбите на кои беше разговарано за односите помеѓу Турција и ЕУ, како и за регионалните теми како Источен Медитеран, Либија, Сирија и Карабах, Калин повтори дека треба да се ажурира Царинскиот сојуз и дека треба да се направат конкретни чекори во областите како што се политички дијалог, визна либерализација и договор за миграција.

Калин подвлече дека има потреба за нови идеи во врска со праведно и постојано решение во Кипар, нагласувајќи дека Турција е подготвена за реализирање прелиминарни средби со Грција.

Тој на своите соговорници им пренесе дека Турција ќе продолжи со конструктивниот став со цел заштита на мирот и стабилноста.

Истакнувајќи дека постојано се зголемува стратешката важност на односите помеѓу Турција и ЕУ, Калин рече дека постои потреба за нови и конкретни чекори што ќе овозможат нова динамика во односите помеѓу Турција и ЕУ, ќе ја зголемат соработката и ќе ги зајакнат односите на меѓусебна доверба.

Портпаролот на турското Претседателство нагласи дека ЕУ треба да ги исполни своите одговорности во регионалните прашања, и дека дијалогот и соработката во решавањето на регионалните проблеми ќе биде во корист на секоја страна.

Калин рече дека Турција го смета членството во ЕУ како стратешка предност.

Според него, лидерите на ЕУ треба да ги остават настрана своите идеолошки и стратешки предрасуди и односите помеѓу Турција и ЕУ треба да ги гледаат со стратешки ум.

Тој истакна дека не треба да се дозволи билатералните спорови да ги „изморуваат“ односите помеѓу Турција и ЕУ.

Калин укажа на важноста за поминување во позитивна агенда во односите помеѓу Турција и ЕУ кои, според него, сè повеќе стануваат стратешки важни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.