Sinan Doğan
05 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
БОГОТА
Вооружени напаѓачи упаднаа во хотел во мексиканската држава Квинтана Ро и убија две лица, а еден турист е ранет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија мексиканските медиуми, вооружени лица упаднале во туристички хотел во крајбрежниот град Канкун.
Напаѓачите со два камиони упаднале во хотелот и убиле две лица што се наоѓале на плажата, а потоа полесно раниле еден турист.
Според изјавите на очевидците, вооружените лица по нападот побегнале од плажата со чамец.
На снимките објавени на социјалните мрежи, може да се забележи дека при нападот, туристите и вработените во хотелот кои многу се исплашиле, легнале на земја пред заканата.
Државното правобранителство соопшти дека е подигната истрага во врска со инцидентот.