свет

Медиуми: Силите на СДФ отвораат оган врз цивилите кои се обидуваат да ги напуштат населбите во Алепо

Телевизијата „Алихбарија“ соопшти дека терористите на СДФ пукале во обид да ги спречат цивилите да ги напуштат квартовите Шеик Максуд и Ашрафие

Mohammad Sıo  | 07.01.2026 - Обновена : 08.01.2026
Медиуми: Силите на СДФ отвораат оган врз цивилите кои се обидуваат да ги напуштат населбите во Алепо

ИСТАНБУЛ (АА) – Терористичката организација ПКК/ЈПГ која дејствува под називот СДФ отвори оган врз цивилите кои се обидуваат да ги напуштат станбените населби во северниот сириски град Алепо, објавија денес сириските медиуми, пренесува Анадолу.

Телевизијата „Алихбарија“ соопшти дека терористите на СДФ пукале во обид да ги спречат цивилите да ги напуштат квартовите Шеик Максуд и Ашрафие.

Сириската арапска новинска агенција (САНА) соопшти дека терористите на СДФ ги спречуваат жителите кои се обидуваат да избегаат од двете населби да стигнат до хуманитарните коридори најавени од сириската армија.

Според САНА, коридорите се наоѓаат во областа Ал-Аварид и улицата Зухур и се наменети за да овозможат безбеден излез на цивилите за време на нападите на СДФ.

Сириската цивилна одбрана претходно соопшти дека евакуирала 850 цивили од Алепо до 12:30 часот по локално време, наведувајќи ги како причина влошувањето на хуманитарните услови и гранатирањето од страна на СДФ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın