Lina Altawell
07 Јануари 2026•Ажурирај: 08 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Сириската армија денес соопшти дека воените позиции на терористичките организации ПКК/ЈПГ кои дејствуваат под името СДФ во населбите Шеик Максуд и Ашрафие во Алепо се „легитимни цели“ по ескалацијата на тензиите и „масакрите“ на групата во покраината, објави сириската новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.
Ова се случи откако СДФ го обнови гранатирањето на станбените населби во Алепо втор ден по ред утринава.
Гранатирањето следуваше по убиството на најмалку пет лица и ранувањето на 16 други во серија напади од страна на терористи на СДФ во Алепо вчера.
Оперативниот орган на армијата соопшти дека двете населби ќе бидат третирани како затворени воени зони по 15 часот по локално време, повикувајќи ги цивилите да се држат настрана од позициите на СДФ и најавувајќи целосна забрана за движење во двете области од тој момент.