Ekipa
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) - Новата коалициска влада на Ирска денес го избра лидерот на републиканската партија Фиана Фаил, Мајкл Мартин, за нов премиер на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изборот на Мартин се случува на денот на формирањето на новата коалициска Влада помеѓу партиите Фиана Фаил, Фајн Гаел и Зелената партија, по повеќемесечните преговори по општите избори одржани во февруари.
Оваа историска коалиција е прва коалиција на спротивставените страни во ирската граѓанска војна во раниот 20-ти век.
Најавата за новата коалиција дојде пред околу 10 дена, речиси четири месеци по општите избори, на кои не се успеа да се освои мнозинство.
Партиските лидери потпишаа петгодишниот план за управување со земјата.
Мартин и Лео Вара,дка од партијата Фајн Гале, се очекува да се менуваат во раководењето со новата Влада.
Фајн Гаел и Фиана Фаил, двете најголеми партии во Ирска, наизменично реководат со Владата од завршувањето на граѓанската војна во земјата во 1923 година.
И покрај освојувањето 37 од 160 места во Парламентот на изборите во февруари, ирската националистичка партија Шин Фејн беше исклучена како можен коалициски партнер и од Варадкар и од Мартин.
Фиана Фаил освои 38 места, додека Фајн Гаел обезбеди 35.
Новата Влада ќе се соочи со кризата во домувањето, бројот на бездомници во земјата достигна 10.000.
Здравствената заштита исто така се соочува со сериозни предизвици, пациентите во ургентните клиники чекаат и до 17 часа за да бидат прегледани.
Новата Влада ќе треба да се справи и со постпандемиското закрепнување на економијата и новите договори за тарифите и границите со Велика Британија, со започнување на Брегзит кон крајот на 2020 година.