Hamdi Yıldız
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
ФЕС (АА) - Единиците на мароканската крајбрежна стража спасија најмалку 256 нерегуларни мигранти во Средоземното Море и Атлантскиот Океан во периодот од 5-8 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу мигрантите, од кои повеќето биле од Субсахарска Африка, имало 41 жена и пет деца, соопшти мароканската државна новинска агенција „МАР“.
На мигрантите им била укажана медицинска помош, а потоасе предадени на жандармерските сили за административни процедури.