Ekip
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Добитничката на Нобелова награда, Малала Јусафзаи, пристигна во Пакистан прв пат откако во 2012 година во обид за убиство беше застрелана од страна на талибански атентатор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нобеловката во Исламабад пристигна во придружба на нејзините родители и членовите на фондацијата „Малала", а нејзината посета на родниот Пакистан е организирана во тајност од безбедносни причини. На репортерите не им е овозможено да го сликаат нејзиното доаѓање на аеродромот.
Малала во рамките на посетата се состана со премиерот на Пакистан, Шахид Какан Абаси во неговата канцеларија во Исламабад, а во кратко емотивно обраќање изјави дека тоа е најскреќниот ден во нејзиниот живот.
„Денес е најсреќниот ден во мојот живот, бидејќи се вратив дома. Повторно чекорев на тлото на својата земја и сум меѓу своите луѓе“, изјави 20 годишната Палестинка.
Таа вети дека ќе продолжи да ја води кампањата за образование на девојчињата, а Пакистанците ги повика да бидат обединети по прашањето како што се подобра здравствена заштита и образование.
Пакистанскиот премиер на добитничката на Нобелова награда ѝ посака топло добредојде оценувајќи ги за многу важни нејзините напори во промовирање на образованието на девојчињата ширум светот.
„Пакистан се гоордее со вас и вие сте богатството на нашата држава“, изјави пакистанскиот премиер.
Тој истакна дека Малала го направила горд пакистанскиот народ на секој собир и дека таа е вистински пример за младата генерација.
„Малала е исто така жртва на тероризмот, но денес ги поразивме терористите во Пакистан со враќање на мирот во нашата земја“, заклучи Абаси.
Девојката од Пакистан стана позната кога талибанците на 9 октомври 2012 година, ја нападнаа во автобус во кој се враќала од училиште. Маскирано машко лице влегло во автобусот и ја прашал девојката за име, по кое отворил оган врз неа. Малала беше ранета во главата, вратот и рамото.