Sarp Özer
29 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
AФРИН (AA) - САРП ОЗЕР - Турските војници, кои продолжуваат со активностите на пребарување во сирискиот град Африн, кој беше ослободен од терористите со операцијата „Маслинова гранка“, открија тунел во должина од 30 метри изграден од бетонски блокови, кои терористите ги изработувале во еден објект во близина на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува операцијата во подрачјето на Африн, започната на 20 јануари од страна на Турските вооружени сили (ТСК), со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, и спас на братскиот и пријателски народ од суровоста и притисоците на терористите од регионот.
Турските вооружени сили (ТСК), кои во рамките на операцијата од терористите го ослободија Африн, ги уништуваат рачно изработените експлозивни направи поставени во центарот на ова подрачје, и ги затвораат рововите направени од терористите.
За време на пребарувањето на теренот, Турската војска откри тунели и објекти што ги користеле терористите. Во тие рамки, пронајден е објект каде што терористите произведувале бетонски блокови за изградба на тунели и борбени позиции.

Исто така, терористите ги запалиле работните машини со цел да го спречат снимањето од страна на беспилотните летала.
- Откриен тунел долг 30 метри во центарот на подрачјето -
За време на активностите за пребарување на теренот, откриен е тунел што ги поврзува двете згради користени од терористите како позиции. Терористите ги користеле бетонските блокови за изградба на тунелот долг околу 30 метри, поставувајќи ги во длабоко ископани јами.

Безбедносните сили извршија пребарување на тунелот од можни мини.