Mehmet Kara
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека 16,4 милиони лица во Јемен, во војната која трае веќе неколку години, немаат пристап до основните здравствени услуги, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на СЗО за 2017 година покажува дека околу 60 отсто од жителите на Јемен немаат пристап до основите здравствени услуги.
Се наведува дека 9.245 лица настрадале од последица на повеќегодишите судири во Јемен. Причините за смртта кај половина од починатите лица се заразни болести и потхранетост.
Ситуацијата е значително полоша во подрачјата со судири. Заразните болести и потхранетоста го зголемуваат ризикот од епидемија и ја намалуваат отпорноста пред заболените.
Половина од болниците или амбулантите во Јемен се затворени или работат со намалени капацитети. Дури и установите кои работат со намалени капацитети претрпеа значајна штета, а и немаат доволна количина на медицинска опрема.
Извештајот покажува дека колерата во последните две години брзо се раширила во земјата, а поради недостаток на вакцини и медицинска поддршка, починале 2.266 лица.
Сепак, опасноста е сè уште присутна и од последица на зараза умираат сè повеќе луѓе, особено во западните делови на земјата. Пред крајот на 2017 година, епидемијата зафати речиси 92 отсто од земјата, а ОН ја нарекоа најбрзо раширена и најголема во историјата.
Околу три милиони лица побегнаа од подрачјето на судирите, а 40 отсто од нив живеат во местата во кои е висок ризикот од зараза со маларија. Заразните болести се шират меѓу бегалците сместени во камповите, а поради невозможноста за пристап до здравствените услуги, ситуацијата е додатно влошена.
Во Извештајот се укажува и на ситуацијата во која се наоѓаат лицата заболени од карцином, на кои помошта им е неопходна.
Само во 2018 година регистрирани се околу 30.000 нови случаи на заболени од карцином.
Речиси половина од заболените во земјата немаат пристап до никаква терапија.
Со Извештајот на СЗО се опфатени и децата во Јемен, а се наведува дека меѓу 9.245 лица, кои настрадале од март 2015 година до крајот на 2017 година, се наоѓаат 744 деца.
Освен тоа, 12 отсто од 60.000 заболени од карцином во Јемен се деца.
Од април 2017 година, 670.884 деца на возраст од 6 недели и 6 години биле вакцинирани против дифтерија, маларија и колера, како и 1041.256 деца меѓу 7 и 15 години.
Од УНИЦЕФ минатата недела изјавија дека во Јемен на секои десет минути умира дете од болести што можат да се спречат.
„Колерата ќе се врати. За неколку недели ќе почне сезоната на дожд и ако нешто не се направи, јеменските деца повторно ќе бидат погодени.“
Јемен веќе подолго време е средиште на безбедносна и политичка безбедност. Хусите од 2014 година ја држат под контрола Сана и уште неколку подрачја. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година пружаат поддршка на јеменската Влада.