Fuat Kabakçı
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина предупреди дека ако дојде до трговска војна меѓу САД и Кина, ќе оди до крај во заштита на своите национални интереси, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за трговија на Кина, Гао Финг, на прес-конференцијата во Пекинг, ја повика администрацијата на Вашингтон да се откаже од унилатералниот и комерцијалниот протекционизам, наведувајќи дека се противи на Одлуката на САД за дополнителните царински давачки за Кина од 60 милијарди американски долари.
„Се надеваме дека САД ќе гo зауздаат коњот пред бездна“, рече Гао, додавајќи дека Кина ќе оди до крај колку што е можно повеќе, за да ги заштити своите национални интереси.
Гао истакна дека „погрешните методи“ на САД се како да ја отвораат Пандорината кутија, и дека овие мерки ќе предизвикаат верижна реакција „вирусот на комерцијален протекционизам“ да се шири во светот.
Гао, кој ги опиша трговските мерки на Вашингтон против Кина како „менталитет на студената војна и игра без победник“, истакна дека ако двете страни преговараат под еднакви услови, тие можат да изнајдат „вин-вин“ решение, како и решение преку бизнис-сојуз.
Исто така, посочи дека тие нема да ги прифатат преговорите врз основа на едностран притисок.
Во август, Канцеларијата на американското трговско претставништво (УСТР) по истрагата за барањето на Белата куќа според членот 301 од Трговскиот законик од 1974 година, доаѓа до заклучок дека во Кина има несоодветен пристап кон технологијата произведена во САД.
По истрагата, американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, потпиша циркулар, за воведување дополнителни даночни и инвестициски ограничувања за Кина во висина од околу 60 милијарди долари.
Канцеларијата на американското трговско претставништво (УСТР) предвидува воведување на 25 отсто дополнителни царини на одредени производи од кинеско потекло.
Планирано е царинскиот данок да биде насочен кон одбраната, воздухопловството, информатичката технологија и производствените сектори.
Листата на производи на кои ќе влијаат даноците се очекува да биде објавена во наредните денови.
Кина планира зголемување на данокот за 128 производи увезени од САД во вредност од 3 милијарди американски долари во две фази, за 15 отсто и 25 отсто.