Ekipa
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АФРИН (АА) - ОМЕР КОПАРАН - За време на активностите на пребарувањe во центарот на градот Африн спроведени од страна на Слободната сириска војска (ССВ), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, откриена е уште една база користена за обука и засолнување на таканаречените специјални сили „HAT“ на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на новинарите на АА во регионот, за време на пребарувањата на ССВ, откриено е место во јужниот дел на центарот на Африн, кое им припаѓа на терористите на ЈПГ/ПКК.

Во ова подрачје за кое станува збор, откриени се големи терени за обука, подземни тунели кои биле користени по извршените операции, како и позиции изградени од бетон.
Покрај складиштата за муниција, во собите изградени под земја, пронајдени се и електронски уреди, како лаптопи и уреди за безжична комуникација.
Исто така, постоеле терени за обука на отворено, а пронајдени се и разни видови оружје, но и друга муниција оставена на земја.

„Базата се состои од терен за обука, команден центар, место за спиење и одвоен камп за обука на жени“, истакна за АА Исмаил Хач Сулејман, еден од командантите на Слободната сириска војска (ССВ).
Сулејман нагласи дека откриле оти терористите во овој камп подготвувале рачно изработени бомби, како и возила-бомби.

ССВ на 11 март од терористите ослободи една база близу центарот на градот позната како „135. полк“, која била користена од „HAT“. Тука настана судир меѓу терористите и елементите на ССВ, а по судирот терористите избегаа, оставајќи ги зад себе возилата, оружјето и муницијата.

САД веќе долго време нудат воена обука за припадниците на „HAT“, чиј поголем дел се наоѓаат во источниот дел на реката Еуфрат. Оваа организација, повеќето од припадниците ги трансферираше во Африн со започнувањето на операцијата „Маслинова гранка“.
