Yusuf Özcan
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
ПАРИЗ (АА) - Национализмот и војната ќе се вратат во Европа доколку екстремната десничарка Марин Ле Пен биде избрана за претседател на земјата, истакна францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
На митингот одржан во Стразбур, Макрон нагласи дека неговата борба не е само за Франција, туку и за Европа.
Посочувајќи дека проектот на крајната десница е излегување од Европската Унија, Макрон рече дека доколку Ле Пен биде избрана за претседател, национализмот и војната ќе се вратат во Европа.
Макрон потсети дека во Европа имало војни илјадници години, дека таа била изградена со граѓански војни и дека многупати се соочувала со опасност од пропаѓање поради војните меѓу националистите.
Наведувајќи дека се обновуваат соништата за империја, Макрон додаде: „Тоа денес е сон на Русија и другите. Некои сакаат да ја убедат Франција дека решението е да се напушти Европската Унија, бидејќи не сака да се бори заедно со другите Европејци.“
Меѓу другото, Макрон нагласи дека само Европа може да работи за мир и дека Европа ги штити од кризи и војни.
Реагирајќи на изјавата на Ле Пен дека Франција нема да биде членка на Европскиот суд за човекови права доколку биде избрана за претседател, Макрон ја објасни важноста на Европскиот суд за човекови права и Европската конвенција за човекови права.
Макрон и Ле Пен ќе се натпреваруваат во вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат во Франција на 24 април.