Saadet Gökce
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Австралиската полиција денес застрела маж пред болница во источниот град Тари, пренесува Анадолу.
Маж, на околу 30-годишна возраст, наводно вперил пиштол кон полицајци на паркингот на болницата „Менинг“ во Нов Јужен Велс, јави „Еј-би-си њуз“.
Полицијата била повикана по наводите дека маж пукал во воздух на улицата „Роус“ во Вингам, според веста.
На машко лице му била укажана прва помош откако бил застрелан и итно пренесен во болница, каде што починал.
Надлежните ќе започнат независна истрага за одговорност за инцидентот.