Ahmed Asmar
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 28 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 45.581, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во нападите досега повредени се најмалку 108.438 Палестинци.
„Израелските сили убија 28 луѓе и повредија 59 во два масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Израел ја продолжи својата геноцидна војна врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот.
Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на доставата на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.
Во ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.