Zuhal Demirci
30 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
ЛОНДОН
Британскиот премиер, Борис Џонсон, се венча со својата вереница Кери Симондс на тајна свеченост во катедралата „Вестминстер“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат британските медиуми, 56-годишниот Џонсон се оженил со 33-годишната Симондс на мала церемонија на која присуствувале околу 30 луѓе, претежно членови на семејството и пријатели.
Челничката на северноирската Партија на демократски унионисти (DUP), Арлин Фостер, им го честиташе бракот на Џонсон и Симондс.
Парот е верен од декември 2019 година и има син по име Вилфред Лори? Лаврл Николас Џонсон.
Џонсон има четири деца од бракот што е завршен во 2018 година и едно дете од вонбрачна врска.