Nuri Aydın
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
АНКАРА
Две лица загинаа при рушење на мал авион во близина на ски-центарот „Паудер Маунтин“, што се наоѓа во американската сојузна држава Јута, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на американските медиуми, противпожарната служба во подрачјето на Вебер соопштила дека околу 10 часот по локално време се срушил авион со еден мотор во близина на ски-центарот „Паудер Маунтин“.
Се истакнува дека како резултат на несреќата животот го загубиле 2 лица, од кои еден загинал на местото на настанот, додека другиот во болница.
Кортни Рајан, од градската Полициска дирекција во Вебер, истакна дека според информациите што ги добила од очевидците, авионот се срушил откако летал многу ниско на планинска зона.
Ќе биде започната истрага во врска со случајот.