Zeynep Tüfekçi Gülay
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ГАЗА
Безбедносните камери ги снимија моментите од големата експлозија и настанатата пукнатина на главна улица при израелскиот напад врз Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На социјалните мрежи беа споделени снимки од безбедносните камери од 12 мај, на кои се забележува дека воените авиони на израелската Војска погодиле една главна улица во Газа.
На овие снимки се забележува дека како резултат на бомбардирањето, настаната е голема пукнатина на средината на главната улица, како и дека е настаната голема експлозија.
Нападите што Израел ги започна на 10 мај во Газа, завршија на 21 мај во 2:00 часот по локално време со примирјето постигнато со Хамас.
Во израелските напади врз Газа загинаа 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени, додека 1.948 лица беа повредени.