Şerife Çetin
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Состанокот на лидерите на државите и владите на земјите членки на НАТО ќе се одржи во декември во британскиот главен град, Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Изразувам задоволство да соопштам дека Состанокот на претседателите на држави и влади на земјите членки на НАТО ќе се одржи во декември во Лондон“, истакна Столтенберг во писмено соопштение.
Столтенберг истакна дека лидерите ќе се состанат по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО, и дека Велика Вританија е една од основачките-земји членки на Алијансата, и дека Лондон бил првиот домаќин на седиштето на НАТО.
Столтенберг рече дека на Состанокот ќе имаат можност да разговараат за постоечките и идните предизвици за безбедноста, и дека ќе се зајакнува капацитетот на НАТО за обезбедување на безбедноста на околу една милијарда луѓе за кои е одговорно.
Лидерите на земјите членки на НАТО на традиционален начин се состануваат во рамки на самитите организирани еднаш во две години.
Лидерите за кои станува збор, во овие рамки минатата година одржаа самит во белгискиот главен град, Брисел, каде што се наоѓа седиштето на НАТО.