Aydoğan Kalabalık
12 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ТРИПОЛИ
Доктор од полската болница „Таџура“ во Триполи, го загуби животот како резултат на вооружениот напад извршен од страна на милицијата поврзана со генерал Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, поврзана со Владата за национално единство во Либија (УМХ), која е признаена од Обединетите нации (ОН), се истакнува дека во селото Белули, на истокот од Триполи е отворен оган врз автомобилот на докторот Осман ет-Таџури, додека се движел.
Исто така, во соопштението се наведува дека Таџури починал како резултат на нападот, а повредено е и лицето кое се наоѓало во возилото.
Телевизијата „Ахрар“, со седиште во Триполи, ги објави снимките од нападнатиот автомобил.
- Обиди за атентат и киднапирања од страна на милициите на Хафтар
Милицијата на Хафтар, која извршуваше ракетни напади во Триполи, од февруари речиси секој ден започна и со обиди за атентати и киднапирања.
Министерството за правда на УМХ, во изјавата дадена во вторникот соопшти дека судијата Мухамед ал Кади, од Судот во Триполи, бил киднапиран од страна на милициите на Хафтар на 5 март.
Тие, исто така, пред две недели го киднапираа и директорот на авиокомпанијата „Африкија ервејс“ (Afriqiyah Airways) и го ослободија по два дена.