Gülşen Topçu
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Службата за потрага и откривање на либиската Влада во областа јужно од главниот град Триполи, расчистена од милицијата на Калифа Хафтар, откри изгорено мртво тело, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На официјалниот профил на операцијата „Вулкан на гневот“ на либиската Армија се истакнува дека во регионот Ајн Зара на фарма е откриено неидентификувано мртво тело.
Наведено е дека телото е донесено по дојава на жител во регионот, но не се дадени други детали.
Во рамките на операцијата „Бура на мирот“ започната на 25 март, либиската Армија ја презеде контролата над сите административни граници на главниот град Триполи на 3 јуни и градот Тархуна на 5 јуни.
По ослободувањето на Тархуна, кој се користеше како центар на операциите на милицијата на Хафтар врз главниот град Триполи, либиските власти соопштија дека во и околу градот се пронајдени 11 масовни гробници.