Jeyhun Aliyev
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ТРИПОЛИ
Либиската армија денеска соопшти дека во 40 дена се ископани вкупно 225 тела од масовните гробници во јужниот дел на главниот град Триполи и во градот Тархуна и околните области, јавува Агенција Анадолија (АА).
Телата се пронајдени во областите ослободени од милитантите на Калифа Хафтар, според соопштението издадено од Одделот за медиуми на операцијата „Вулкан на гневот“.
Во соопштението се вели дека од ослободувањето на Тархуна од милициите на Хафтар, агенцијата ги презела неопходните мерки за пронаоѓање на масовните гробници и откривање на телата.
Во почетокот на јули, Одделот за медиуми објави дека бројот на телата пронајдени во периодот од 5 јуни до 28 јуни изнесувал вкупно 208.
Либиската армија на 5 јуни го ослободи Тархуна, кој беше користен како центар за операција и снабдување од страна на милитантите на Хафтар.
Стотици тела беа пронајдени во Градската болница, контејнер што припаѓа на болницата и бунар со вода близу градот.
Најтрагичниот дел во Тархуна излезе на виделина кога масовните гробници беа ископани како дел од истрагите што ги отвори либиската Влада.
Од април 2019 година, нелегитимните сили на Хафтар започнаа напади врз главниот град Триполи и другите делови на северозападна Либија, што резултираше со повеќе од 1.000 смртни случаи, вклучително и на жени и деца.
Како и да е, либиската Влада неодамна оствари значајни победи, протерувајќи ги силите на Хафтар од Триполи и Тархуна.