свет

Либиски командант го отфрли договорот на Хафтар за производството на нафта

Нема коментар од либиската Влада со седиште во Триполи во врска со договорот

Ekipa  | 19.09.2020 - Обновена : 19.09.2020
Либиски командант го отфрли договорот на Хафтар за производството на нафта

ТРИПОЛИ (АА) - Либиски воен командант денес го отфрли договорот соопштен од водачот на милитантите од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, и Ахмед Маитек, потпретседателот на либискиот Претседателски совет, за продолжување на производството на нафта по паузата од 8 месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Го отфрлам договорот на Хафтар и Маитек за производството на нафта“, изјави генерал-мајор Осама Џуили, командант на Западната воена зона, за приватната либиска телевизија „Ал-Ахрар“.

„Секој ненајавен договор ќе биде осуден на неуспех“, рече Џуили, додавајќи дека ќе почека да ги види реакциите на членовите на Претседателскиот совет и на Парламентот со седиште во Тобрук во однос на договорот.

Вчера, Хафтар соопшти дека неговата милиција ќе дозволи производството на нафта да продолжи по 8-месечна блокада. Маитек, од друга страна, рече дека ќе се формира комитет за да се осигури правичната распределба на приходите од нафтата.

Набргу по објавата на Хафтар, неговиот портпарол, Ахмед ал Мисмари, изјави дека е постигнат договор со Маитек.

Либиските локални медиуми соопштија дека договорот помеѓу Хафтар и Маитек бил постигнат во руската престолнина Москва.

Нема коментар од либиската Влада со седиште во Триполи во врска со договорот.

Либиската Национална нафтена корпорација оцени дека блокадата наметната врз нафтените постројки ја чинела Либија загуби во износ од 10 милијарди долари. Националната нафтена корпорација отфрли каква било политизација на нафтениот сектор.

Во Либија владее граѓанска војна од соборувањето на повеќедеценискиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година. Владата на национално единство е основана во 2015 година со посредство на ОН, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради воената офанзива од силите лојални на Хафтар.

Дипломатските напори за постигнување решение за либискиот конфликт сè уште траат по низата победи на либиската Армија против милициите на Хафтар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.