Ali Cura
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 19.339, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.097.251, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 6.065 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.097.251.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 144 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 19.339.
Оздравеа уште 5.255 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 906.462 лица.
Во Русија направени се над 42,4 милиони тестирања за Ковид-19.