Gülşen Topçu
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Портпаролот на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, изјави дека неизбежна потреба е да се расчистат Сирт и Џуфра од платениците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од прес-службата на операцијата „Вулкан на гневот“ на либиската Армија се истакнува:
„Сирт, кој стана засолниште на криминалните елементи и руските платеници отстранети од Триполи и Тархуна, стана најопасното место во нашата земја од аспект на мирот и безбедноста“, нагласува Кунуну.
Тој вели дека платениците на „Вагнер“ ја претвориле базата Џуфра и аеродромот во команден центар со цел да ја преземат контролата врз јужните нафтени полиња.
„Неизбежна потреба е да се расчистат Сирт и Џуфра од руските платениците и криминалните елементи. Решени сме да ги спасиме овие градови по мирен пат или пак со оружје“.