Mücahit Aydemir
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија соопшти дека милициите на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, го прекршиле примирјето и отвориле оган врз позициите на армиските единици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Одделот за заеднички операции на либиската Армија во Сирт и Џуфра, генерал Абдулхади Дарах, за АА истакна дека патролите на милициите на Хафтар го прекршиле примирјето и дека отвориле оган врз армиските единици западно од Сирт.
Портпаролот Дирах рече дека во нападот нема жртви.
Наведувајќи дека милициите на Хафтар воено се активни во регионот Ел-Бухарије западно од Сирт, Дирах рече дека силите на либиската Армија внимателно ги следат овие движења.
Како резултат на состаноците на Заедничкиот воен комитет 5 + 5, што се одржаа во Женева, Швајцарија, на 19-23 октомври 2020 година, беше потпишан договор за постојан прекин на огнот меѓу либиската Влада и силите на Хафтар.
Додека продолжуваат политичките, воените и економските преговори предводени од Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање решение за кризата во земјата, Хафтар продолжува да испраќа платеници и оружје во регионите на истокот на земјата, што ги држи под сопствена контрола.