Hamdi Yıldız
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Десет припадници на милицијата поврзана со водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, се неутрализирани во воздушниот напад на либиската Армија на градот Сирт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на профилот на социјалните мрежи на операцијата „Вулкан на гневот“, официјалниот портпарол на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, истакна дека во 3 напади организирани од страна на воздухопловните сили во Сирт, неутрализирани се 10 припадници на милицијата на Хафтар, а уништени се еден топ, едно оклопно возило и две вооружени возила.
Либиската Армија вчера соопшти дека започнала нова операција наречена „Патот на победата“ за освојување на крајбрежниот град Сирт, воздухопловната база „Куфра“ и околните области од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата.
Либиската Армија, напредувајќи кон крајбрежниот град Сирт, што се наоѓа на околу 450 километри источно од главниот град Триполи, од милицијата на Хафтар го ослободи подрачјето Вишке западно од Сирт.