Mahmoud Mohamed Barakat
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Либан и Израел започнаа преговори за разграничување на нивната поморска граница во седиштето на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL) во јужниот град Накура, јавува Агенција Анадолија (АА).
Либан се наоѓа во спор со Израел околу областа во Средоземното Море што се протега на околу 860 квадратни километри, позната како зона бр. 9, што е богата со нафта и гас.
Во 2016 година, Бејрут објави лансирање на првата рунда лиценци за истражување.
Во вторникот, либанскиот претседател Мишел Аун рече дека разговорите за поморско разграничување со Израел ќе бидат технички.
На поморските граници меѓу Либан и Израел немаше воени конфликти, за разлика од нивните копнени граници.
Либанската група Хезболах ја контролира областа што се граничи со Израел и одвреме-навреме се случуваат спорадични тензии, бидејќи Тел Авив ја обвинува шиитската група за обид за пробивање на границата.