Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
КАБУЛ (АА) - Шест безбедносни службеници загинаа во напад извршен во авганистанската северна покраина Баглан од страна на талибанските милитанти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полициската дирекција во Баглан, Џавид Башарат, во изјава за АА истакна дека милитантите извршиле вооружен напад во центарот на подрачјето Гузергах-и Нур во Баглан.
Башарат рече дека во нападот загинале 6 безбедносни службеници, додека двајца безбедносни службеници се повредени.
Тој нагласи дека во судирот што се случил по извршениот напад, имало загинати меѓу милитантите.
Талибанците сè уште не се огласија во врска со нападот.