Ruslan Rehimov
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџан собори ерменско бепилотно летало во екот на зголемените тензии по должината на границата меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во попладневните часови соборено е беспилотно летало што летало во правец на Фузули.
Војската на Азербејџан на 12 октомври собори три ерменски беспилотни летала.
Ерменската Армија на 12 јули започна со напади врз позициите на азербејџанската Војска во Товуз, а азербејџанската страна одговори на нападите и го спречи ерменскиот обид за окупација на пограничните делови на тој стратешки важен регион.
Ерменија на почетокот на 1990-тите години го окупираше азербејџанскиот регион Нагорно Карабах и уште седум соседни азербејџански региони, а досега во многу наврати е прекршувано примирјето договорено од двете земји во 1994 година.
За разлика од досегашните судири што избиваа на линијата за разграничување во окупираните азербејџански региони, овој пат ерменските сили ги започнаа судирите на границата меѓу двете земји.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и одлуки на многу меѓународни организации ја осудија нелегалната окупација и повикаа на повлекување на ерменските сили од Нагорно Карабах и од останатите седум окупирани региони на Азербејџан.