Muhammed Ali Akman
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БЕЈРУТ (АП) - Во експлозија на бомба поставена на патот во близина на либанскиот град Арсал, на границата со Сирија, загина еден, а повредени се четворица војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Либанската армија соопшти дека експлозијата се случи во утринските часови, во областа каде што се преземаат акции против терористичката организација ДЕАШ.
Експлозијата се случи при обидот да биде онеспособен уредот поставен на патот во близина на Арсал, на границата со Сирија.
Од друга страна, локалните извори велат дека минофрлачките и ракетните напади на воените единици против упориштата на ДЕАШ траат од утрото.
Војската на Либан на 19 август изврши акција против терористичката организација ДЕАШ, во ридскиот регион Рас Баалбек, Ел-Факих и Ел-Каа во источниот дел на земјата.