Ikrame Imane Kouachi
27 Октомври 2024•Ажурирај: 28 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Билансот на убиени во тековните воздушни напади на Израел врз Либан достигна 2.653, соопшти денес либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека во нападите од почетокот на судирите во октомври минатата година повредени се најмалку 12.360 луѓе.
Во израелските воздушни напади врз јужен и источен Либан вчера загинаа 19 лица, а 108 се повредени, соопшти Министерството.
Израел минатиот месец започна голема воздушна кампања во Либан, против, како што тврди, локации на Хезболах што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната израелска офанзива на Појасот Газа.
Израел го прошири конфликтот оваа година со започнување на копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.