Ecem Şahinli Ögüç
27 Октомври 2024•Ажурирај: 29 Октомври 2024
ЛАНКАСТЕР (АА) - Американскиот милијардер Илон Маск рече дека вистинската закана за демократијата ја претставуваат оние кои за такво нешто го обвинуваат поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, јавува Анадолу.
Маск одговараше на прашања на учесниците на предизборниот собир за поддршка на Трамп во американската сојузна држава Пенсилванија.
Потсетувајќи го на упадот на демонстрантите и нередите во американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година, еден од учесниците на собирот го праша Маск што мисли за реториката дека американската демократија ќе падне доколку Трамп повторно биде избран за претседател на САД.
Маск рече дека вистинската закана за демократијата се оние кои велат дека Трамп е закана за демократијата.
„Трамп и за време на тие случувања повика и побара ненасилство и мирни протести“, рече Маск.