Emre Gürkan Abay
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека покрај важни несогласувања околу бројни политички и меѓународни прашања, сакаат да ги развијат односите со Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров одговараше на новинарски прашања по средбата со неговиот британски колега, Борис Џонсон, каде истакна дека односите меѓу двете земји достигнале исклучително ниско ниво.
„Прифаќаме дека денешното ниво на нашите односи е незадоволително. Проблемите кои продолжуваат меѓу нас негативно влијаат врз нас. Но, според мене, двете страни сакаат да најдат начини за надминување на овие проблеми“ рече Лавров.
Лавров пренесе дека ќе се зголемува соработката меѓу Москва и Лондон во прашањата кои се на агендата на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи ја и кризата со Северна Кореја.
„Констурктивните врски меѓу Русија и Британија се во национален интерес на двете земји“ додадеј тој.
Од друга страна, шефот на британската дипломатија, Џонсон, тврдеше дека постојат голем број докази дека Русија интервенирала врз изборите во земјите на Западот. „За жал, постојат бројни докази дека Русија интервенирала врз изборите во Германија, Данска, Франција и САД“ рече Џонсон, и додаде дека не постои некаков доказ за руска интервенција врз изборите во Британија.
„Имаме многу различни мислења со Русија во врска со настаните за човекови права во Украина, Балканот и Чеченија. Но, целосно веруваме дека овие проблеми можат да се доведат на подобра точка преку консултации“ нагласи шефот на британската дипломатија.
Посетата на Џонсон во Русија претставува прва посета на еден британски министер за надворешни работи во Русија по пет години.