Emin Avundukluoğlu
09 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
АНКАРА (AA) - Дипломатите на Турција и Израел во четврток се состанаа во Лондон, што претставува најнов чекор кон нормализација на односите помеѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти во петок дека делегацијата на Турција ја предводеше потсекретарот на турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.
Се додадва дека турската делегација се состана со делегацијата на Израел која ја предвореше Јозеф Сиечановер, специјален пратеник на премиерот на Израел Бењамин Нетанјаху.
"Делегациите постигнаа напредок кон финализација на спогодата како и отстранување на бариерите и се усогласиле дека конечниот договор ќе биде постигнат на наредниот состанок кој ќе се одржи наскоро", се наведува во соопштението.
Турција, која е и членка на НАТО, беше клучен регионален сојузник на Израел додека односите помеѓу двете земји не се влошија 2010 година кога девет турски активисти се убиени во рација на израелските команданти на турскиот брод Мави Мармара, кој се обиде да ја помине блокадата на Појасот Газа.
Меѓутоа, атмосферата се смени откако во декември минатата година е соопштено дека двете земји тајно преговараат за подобрување на односите.