Dmitri Chirciu
16 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
МОСКВА
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, се состана со претседателот на Владата на национално единство на Либија, Абдулхамид Дибејбе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди руското Министерство за надворешни работи.
Лавров и Дибејбе кои се состанаа вчера во Москва, во рамки на посетата на Дибејбе на Русија, разговараа за состојбата во Либија.
На состанокот беа присутни и министерката за надворешни работи во Владата на национално единство на Либија, Неџла ел Менгуш, министерот за нафта и гас, Мухамед Ахмед Оун Oun и началникот на Генералштабот на оваа земја, Мухамед ел Хадад.
На состанокот страните нагласија дека во последните неколку месеци е постигнат напредок во решавањето на либиското прашање, и дека во оваа насока е изразено задоволство од формирањето на Владата во овој транзициски период во Либија.
Исто така, беше укажана важноста од обезбедување усогласување преку земање предвид на интересите на сите политички сили и социјални групи во земјата, со цел осигурување на единството, сувереноста и територијалниот интегритет на Либија.
На средбата Лавров потврди дека Русија е подготвена да даде поддршка во различни области, со цел намалување на кризата во Либија.