Sayed Khodaiberdi Sadat
30 Декември 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2021
КАБУЛ (АА) - Четири лица го загубија животот како резултат на лавина која падна во авганистанската покраина Дајкунди, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Агенцијата за борба против природните катастрофи во Дајкунди, Есадула Сервери, во изјава за медиумите истакна дека оваа покраина веќе со денови е зафатена со снег, и дека е невозможно да се стигне до повеќе подрачја.
Сервери информира дека како резултат на лавина во селото Харзар во подрачјето на Кити, во Дајкунди, животот го загубиле 4 лица.