Haydar Karaalp
30 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
БАГДАД (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ја поддржаа ирачката армија со 30 оклопни возила за заштита на Зелената зона во главниот град Багдад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од американската амбасада во Багдад, се наведува дека до ирачката армија се испорачани 30 оклопни возила за да се осигури безбедноста на Зелената зона и центарот на Багдад.
„Ќе продолжиме да работиме заедно за да изградиме стабилна и безбедна иднина на ирачкиот народ“, се истакнува во соопштението.
Американската амбасада во Багдад беше нападната со 8 ракети на 20 декември. Се тврди дека зад овие чести напади врз амбасадата стојат радикални шиитски милиции блиски до Иран.
После овие настани има тврдења дека американските дипломати ја напуштиле амбасадата.