Eşref Musa
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Независната сириска курдска група, отфрлајќи ги преговорите помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Сирискиот курдски национален совет (ENKS), упати повик да се предадат на цивилните власти областите што се под контрола на терористичката организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Независната сириска курдска група, која се претставува како формација на сириската курдска опозиција, во писменото соопштение ги критикуваше преговорите што се водат меѓу ЈПГ/ПКК и Сирискиот курдски национален совет (ENKS).
Во изјавата се наведува дека се отфрлаат преговорите, кои се одржуваат под медијација на Соединетите Американски Држави (САД) и Франција, и можниот договор.
Со образложение дека иницијативата ѝ припаѓа на ПКК, во соопштението се наведува дека тоа е против нивните верувања и дека се против водењето на тајни преговори.
Меѓу другото, во соопштението се потенцира дека треба да се заземе став против режимот на Башар ал Асад и да се однесуваат согласно принципите на „Сириската револуција“.
Исто така упатен е повик да се придржуваат кон политичкото решение на кризата, да се гонат сторителите на кривичните дела, да се ослободат затворениците и да се знае нивната иднина.
Наведено е дека областите што се под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК треба да се предадат на цивилните власти и да се води борба против тероризмот и екстремизмот.
Сирискиот курдски национален совет (ENKS), кој се смета за легитимен претставник на сириските Курди во преговорите за политичко решение, што се водат под покровителство на Обединетите нации (ОН), одредено време преговара со ЈПГ/ПКК за решавање на споровите. Преговорите под медијација на САД и Франција во последно време се поинтензивни. На состаноците најголем проблем претставува враќањето на Пешмергите.