Ekip
01 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Светот ја дочекува Новата година во сенка на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), а еден од поеклатантните примери на посебноста на овогодишното одбележување на Новата Година се Петронас кулите во Куала Лумпур кои во новата година не влегоа со спектакуларен огномет кој ги красеше во изминатите години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот Вухан, а во март Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија која апсолутно ја одбележи годината во заминување.
Повеќето земји во светот новогодишната ноќ ја поминуваат под строг полициски час, а мал број на држави одлуката за начинот на одбележување на новата година ја препуштија на своите граѓани и нивната совест.
Снимките од спектакуларните огномети од Куала Лумпур во изминатите години беа симбол на новогодишната треска, а вечерва се симбол на на тивката новогодишна прослава во која сите првенствено се радуваат што ја испраќаат 2020 година и се надеваат на подобри денови во 2021 година.