Ekipa
04 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку 1.700 жртви е билансот на јануарските вооружени судири и терористички напади во Авганистан, пишува Anadolu Agency (AA).
Авганистан веќе речиси две децении е средиште на длабока безбедносна и политичка криза, која со несмален интензитет продолжува и оваа година.
Во терористичките и вооружени напади во Авганистан во месец јануари убиени се најмалку 900, а ранети најмалку 800 лица. Меѓу жртвите има цивили, милитанти, како и авганистански, но и странски војници.
Првиот напад оваа година талибанските милитанти го изведоа уште во новогодишната ноќ, кога во градот Сајад, во северен Авганистан, убија 20 припадници на авганистанските безбедносни сили и ранија уште толку лица.
Нападот се случи еден месец откако Соединетите Американски Држави (САД) започнаа мировни преговори со Талибанците во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Нападот со најмногу цивилни жртви годинава се случи на 25 јануари во Сангин, во кој американските сили изведоа воздушни напади и убија 16 членови на едно семејство.
Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, на неодамна одржаниот Светски економски форум во Давос истакна дека од 2014 година загинале најмалку 45.000 авганистански војници и полицајци.
Група поранешни авганистански функционери оваа недела треба да се состанат со водачите на Талибанците во Москва.