свет

Кремљ: Легитимна е безбедносната загриженост на Туркије во однос на Сирија

„Туркије има легитимни безбедносни грижи и ние нив ги земаме предвид. Но, не треба да се дозволат дејствија кои би ја дестабилизирале ситуацијата во Сирија и би претставувале закана за нејзиниот територијален и политички интегритет“

Dmitri Chirciu  | 05.08.2022 - Обновена : 06.08.2022
Кремљ: Легитимна е безбедносната загриженост на Туркије во однос на Сирија

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Туркије (Турција) има легитимна загриженост за безбедноста во врска со Сирија и дека тие тоа го земаат предвид, јавува Агенција Анадолија (АА).

Песков даде изјава за медиумите пред средбата на рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган во Сочи.

Одговарајќи на прашањето дали на средбата ќе се разговара за Конвенцијата од Монтре, Песков рече: „Тука нема што да се зборува. Договорот функционира и тој е многу, многу важен.“

На прашањето дали Русија е загрижена за можната операција на Туркије во северна Сирија, Песков рече дека на средбата ќе се разговара и за тоа прашање.

„Туркије има легитимни безбедносни грижи и ние нив ги земаме предвид. Но, не треба да се дозволат дејствија кои би ја дестабилизирале ситуацијата во Сирија и би претставувале закана за нејзиниот територијален и политички интегритет“, нагласи Песков.

Тој додаде дека по средбата на Ердоган и Путин не е планирана прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.