свет

Крајно десничарски израелски министер со група доселеници упадна во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим

Израелски доселениците, предводени од Бен-Гвир, влегле во дворот на џамијата, се движеле низ комплексот провоцирајќи и изведувале талмудски ритуали во рамките на вториот ден од еврејскиот празник Сукот

Rania R.a. Abushamala  | 08.10.2025 - Обновена : 08.10.2025
Крајно десничарски израелски министер со група доселеници упадна во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денес предводеше група екстремно десничарски израелски доселеници во упадот во комплексот на џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим, под заштита на израелската полиција, објави палестинската новинска агенција „Вафа“, пренесува Анадолу.

Според очевидци, доселениците, предводени од Бен-Гвир, влегле во дворот на џамијата, се движеле низ комплексот провоцирајќи и изведувале талмудски ритуали во рамките на вториот ден од еврејскиот празник Сукот.

Израелските власти воспоставија строги безбедносни мерки околу комплексот на џамијата Ал-Акса и нејзините влезови, распоредувајќи голем број полициски и безбедносни сили за обезбедување на упадот на доселениците.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.