Dildar Baykan
10 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Коосновачот на социјалната мрежа Фејсбук, Крис Хјуз, тврди дека првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, ги монополизирал социјалните мрежи и порача дека дошло време да се прекине со Фејсбук, јавува Anadolu Agency (AA).
Хјуз, кој пред неколку години го напушти Фејсбук, напиша статија за американскиот „Њујорк тајмс“ под наслов „Време е да прекинеме со Фејсбук“.
Во текстот се истакнува дека поради грешките на Фејсбук чувствува лутина и одговорност.
„Без оглед на тоа колку се добронамерни оние кои ја водат оваа компанија, ние сме нација која има традиција на совладување на монополот. Не е забележана сила каква што моментално има Закерберг и таа сила е антиамериканска“, напиша Хјуз.
Хјуз наведува дека Марк е добра и љубезна личност, но истакнува дека е лут што неговиот фокус на растот довел до жртвување на безбедноста заради кликови.
„Време е да прекинеме со Фејсбук“, порача Хјуз.
Сопственикот на компанијата „Фејсбук“, Марк Закерберг, во април 2018 година во британските и американските весници објави оглас во кој им се извини на корисниците поради скандалот со злоупотребата на личните податоци на корисниците на мрежата.
Компанијата „Фејсбук“ пред тоа се најде во фокусот на скандалот поврзан со користење на личните податоци на околу 50 милиони корисници на таа социјална мрежа, кои ги презеде компанијата „Кембриџ аналитикс“.
Скандалот за весникот „Гардијан“ (The Guardian) го откри свиркач кој учествувал во основањето на компанијата „Кембриџ аналитикс“, кој во 2016 година работел за предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп. Компаниите се обвинети за незаконско собирање на податоците под плаштот на лажни информации.
Скандалот го загрози угледот на Фејсбук и предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата на берзата и губиток на повеќе од 50 милијарди долари.