Gözde Bayar
10 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ги негираше изјавите за одложувањето на испораката на ракетниот одбранбен систем „С-400“, прашање кое предизвика тензии со САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не дадовме изјави во врска со одложувањето на „С-400“ на Турција“, изјави Чавушоглу по состанокот во претседателскиот компекс во Анкара.
Чавушоглу изјави дека некои земји, меѓу кои и САД, побарале Турција да не го набавува „С-400“, тврдејќи дека е некомпатибилен со системите на НАТО и претставува закана за авионите „Ф-35“ од петтата генерација.
Тој додаде дека со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во сабота ќе разговара телефонски.
Тензиите меѓу САД и Турција се влошија во текот на изминатите месеци, кога Турција започна да го добива напредниот ракетен систем „С-400“ од Русија, за кој Вашингтон вели дека ќе ја загрози улогата на Турција во Програмата за воените авиони „Ф-35“, и би можело да предизвика санкции од страна на Конгресот.