Emre Gürkan Abay
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
МОСКВА
Директните странски инвестиции во Русија во 2020 година се намалија за 95 отсто во споредба со претходната година, односно се намалија на 1,4 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Централната банка на Русија, директните странски инвестиции во земјата минатата година се намалиле од 28,9 милијарди долари на 1,4 милијарди долари, во споредба со претходната година.
Одливот на капитал во земјата во 2020 година се зголеми за 120,2 отсто, во споредба со претходната година, односно се зголеми на 47,8 милијарди долари.