Gökhan Kavak
29 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот потсекретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, Мартин Грифитс, истакна дека хуманитарната криза во египетскиот регион Тиграј е дамка на совеста на Организацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грифитс, во изјавата за медиумите рече дека во регионот Тиграј, северна Етиопија, луѓето, особено децата, умираат од глад.
„Кризата во Етиопија е дамка на нашата совест“, рече Грифитс, повикувајќи за помош од храна и лекови во регионот.
Грифитс, потсетувајќи на гладот што го доживеа Етиопија во 1980-тите години, што предизвика смрт на приближно 1.000.000 луѓе, истакна дека се надеваат дека тоа нема да се повтори.
Наведе дека можат да стигнат само 10 проценти од помошта потребна во регионот Тиграј. „Луѓето јадат цвеќиња, растенија и корени наместо вообичаена храна.“
Грифитс нагласи дека населението ќе почне да умира поради недостиг на храна и повика да се помогне на регионот.
- Хуманитарната криза ескалира поради конфликтите во регионот -
Хуманитарната криза во регионот ескалира откако борбата за власт меѓу Федералната армија и Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF) во северната покраина Тиграј се прошири и во соседните држави.
Речиси 2 милиони луѓе се раселени само во Тиграј, а на повеќе од 5 милиони луѓе им е потребна итна помош.
Покрај тоа што Армијата на Етиопија постигна делумен успех во операциите започнати против бунтовниците во ноември 2020 година, таа се повлече од Мекеле, главниот град на Тиграј, на 28 јуни, наведувајќи ја хуманитарната ситуација како причина.
Владата прогласи едностран прекин на огнот, но изврши контранапад по брзото напредување на Народниот фронт за ослободување на Тиграј на север.