Hasan Esen
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
ЛОНДОН (АА) - Еден од водачите на ЈПГ/ПКК, Ферхат Абди Шахин, под кодно име „Мазлум Абди“, тврди дека американскиот претседател Џо Бајден ветил дека нема да ги напушти, спротивно на примерот со Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за весникот „Тајмс“ (The Times), водачот на терористите рече: „Да бидам искрен, по повлекувањето на САД од Авганистан, луѓето се плашеа. Се плашеа дека ќе се соочат со иста ситуација.“
Истакнувајќи дека администрацијата на Бајден реагира брзо и испрати посредници, терористот Мазлум Абди рече: „Нас нѐ уверија дека ова не е Авганистан. Рекоа дека политиката е сосема поинаква.“
Во веста се наведува дека командантот на Централните сили на САД (CENTCOM), генерал Франк Меккензи, бил испратен во регионот, а американскиот заменик-државен секретар Џоеј Худ, исто така се сретнал со водачот на терористите.
Во оваа вест се нагласува дека се верува оти „Мазлум Абди“ е еднo од главните лица на ПКК, и дека тој во младоста бил близок со Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК.
Во веста се посочува дека фотографиите на Оџалан се видени во многу од канцелариите на ЈПГ/СДГ, и се додава: „Ова ги доведе САД и Велика Британија во тешка положба, бидејќи ПКК продолжува да биде терористичка организација која се наоѓа во листата на двете земји.“